Во оваа земја за скоро 20 години ставен клуч на секоја четврта експозитура на банка

30

Дигитализацијата има големо влијание во финансискиот сектор во Австрија. Па така, во 2000-та година имало вкупно 923 филијали и 4.556 експозитури, односно вкупно 5.479. За разлика од тогаш, во 2019-та година во земјата имало 579 филијали и 3.561 експозитура, што е намалување од околу 25%, пренесуваат тамошните медиуми.

Особено се забележува намалување кај штедилниците, од 70 филијарди и 1.397 експозитури во 2000-та година на 49 филијали и 835 експозитури.

Сепак, кај бројот на вработени во банкарскиот секто нема значително намалување. Во 2000-та година работеле 75.071 лице, а во 2018-та 73.508 лица. Од нив над 54% биле жени, а најголемиот дел работеле во Вина.

Намалување на бројот на работници е поради пензионирање на возрасните вработени, а на нивните места или нема замена или новите се вработуваат хонорарно.

Во Австрија се забележува зголемување на бројот на банкомати и корисници на услугите на интернет банкарството.

Фото: Pixabay