Во овие компании работат “најнесреќните“ луѓе

131

Работата игра многу важна, а понекогаш и пресудна улога за менталното здравје на луѓето. Скоро половина од вработените во Америка сметаат дека стресот на работа им влијае врз здравјето. Сепак, некои компании можат да предизвикаат повеќе, а некои помалку стрес на своите вработени.

Па така, анонимната професионалната социјална мрежа Blind направи листа на компании чии вработени се несреќни. Во анкетата биле вклучени повеќе од 10.000 испитаници, а им било поставувано само едно прашање дали се среќни или несреќни на работа. Испитаниците биле од различни индустрии: технологија, финансии, трговија…, пишува Business Insider.

Ова се петте компании во коишто работат најмногу “несреќни“ луѓе:

Nutanix – компанија за cloud услуги од Калифорнија. Дури 76% од вработени изјавиле дека се “несреќни“ што работат во таа компанија, каде што просечната годишна плата е околу 121.926 долари.

WeWork – американска компанија за недвижни што им овозможува работен простор за технолошки стартапи. Како “несреќни“ се изјасниле 70,45% од вработените. Просечната годишна плата во WeWork е 85.789 долари.

JPMorgan Chase & Co – вкупно 69,2% од вработените во оваа инвестициона банка се изјасниле дека се “несреќни“. Просечната плата во оваа банка на годишно ниво е 84.979 долари.

Symantec – американската софтверска компанија вработува дури 68,18% “несреќни“ работници. Просечната годишна плата во оваа компанија е 103.519 долари.

Visa – оваа финансиска компанија од Калифорнија има 66,7% “несреќни“ вработени. Просечната годишна плата во Visa e 109.321 долар.

Фото: Pixabay