Во некои земји секојдневните намирници, облека, кирија се со превисоки цени. Од друга страна пак стандардот, донекаде, овозможува жителите да балансираат со финансиите.
На оваа тема напревени се повеќе анализи, а една од нив вклучува неколку фактори како цената на намирниците, киријата, транспортот и сметките за комуналните услуги.
Како појдовна точка за споредба е земена државата Њујорк, со индекс 100, којашто важи за една од најскапите земји за живот во светот.
Според анализата Кајмански острови и Бермуда, се на челните позиции со индекси на живот 141.64 и 138.22 соодветно, пишува Numbeo.
По нив на листата е Швајцарија со индекс 122.67, додека четврта е Норвешка о 104.49.