Во овој хороскопски знак има најмногу милијардери

190

Луѓето кои веруваат во хороскоп велат дека sвездите можат да предвидат сè. Некои сугерираат дека хороскопот може дури и да има врска со тоа дали некој ќе стане милијардер.

Имено, луѓето родени во еден огнен и силен знак се покажаа како најбројни меѓу милијардерите, а тоа се Лавовите.

Истражувачите од британскo деловно советувалиште Adview, откриле дека од сите милијардери во објавената листа на Fortune 400, најмногу биле Лавовите. Вкупно на списокот имало 28 милијардери, според хороскопскиот знак Лавови. Бикот е на второто место со 24 милијардери, а потоа следува Вагата со 23 на број. Најмалку милијардери се Овни, од кои само 12 милијардери.

Лав: 28
Бик: 24
Вага: 23
Водолија: 22
Близнаци: 21
Девица: 21
Јарец: 21
Риба: 21
Рак: 20
Стрелец: 18
Шкорпија: 16
Овен: 12
Аналитичарите со години ја следат врската помеѓу месецот на раѓање и успехот. Неодамна, Универзитетот во Торонто откри дека бебињата родени во септември имаат најголеми шанси да се чувствуваат самоуверено и да одат на колеџ, како и најмалку шанси да завршат во затвор.

Фото: Pixabay