Во Пекинг билет за воз може да се плати со пластично шише

23

beijing-subway-01Сопствениците на подземната железница во Пекинг од неодамна почнаа да им нудат на патниците можност наместо со пари, билетот да го платат со пластични шишиња. Со тоа ја чуваат околината, но и својот џеб.

За таа цел, на една линија се инсталирани четири машини што собираат шишиња, од каде се преземаат и се носат на рециклирање. Овој вид на наплата засега е во фаза на тестирање, но се очекува во скора иднина да се инсталира на секоја станица во подземната железница, но и на железничките станици и други јавни места во градот.