Во првата фаза продадени над 800.000 влезници за Мундијалот во Катар

94

Во првата фаза од продажбата на билети за Светското првенство во Катар, продадени се 804.186 билети. Најголем дел од нив ги купиле фанови од Катар, САД, Англија, Мексико и Обединетите Арапски Емирати, објави Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Најголем дел од продадените билети се продадени за поединечни натпревари, а највеќе се купувале натпреварите за првиот натпревар од Светското првенство и за големото финале. Исто така навивачите купувале и блок влезници за одредени репрезентации како и блок влезници за четири стадиони.

Навивачите што не успеаја да дојдат до билети во првата фаза од продажбата, ќе имаат уште една шанса да се пријават за следната фаза од продажбата, која започнува на 5. април во 11:00 часот по средноевропско време.

Ждрепката со која ќе бидат одредени групите на Светското првенство во Катар е закажана за петок со почеток во 18 часот. Светското првенство во Катар се одржува од 21 ноември до 18 декември.