
Во првиот квартал од оваа година, Европската Унија увезе стока од Русија во вредност од 8,7 милијарди евра, и покрај бројните санкции, објави весникот „Билд“, повикувајќи се на податоци од Германскиот економски институт во Келн.
Според податоците на Институтот, увозот на природен гас во ЕУ во првиот квартал изнесувал 4,4 милијарди евра, објави ТАСС.
Купувањето на нафта достигна 1,4 милијарди евра, што е за речиси 93 проценти помалку отколку пред почетокот на војната во Украина. Гасот и нафтата остануваат меѓу петте најчести увезени производи од Русија, а меѓу најпопуларните сè уште се ѓубрива (549,95 милиони евра), челик и железо (725,84 милиони) и никел (261,09 милиони).
Европската Унија увезе стока од Русија во првиот квартал од 2021 година за 30,6 милијарди евра, а за истиот период во 2022 година изнесуваше 63 милијарди евра.
Повеќето земји од ЕУ повеќе не увезуваат фосилни горива од Русија, со исклучок на Унгарија, Словачка и до одреден степен Франција и Шпанија, објави „Билд“.











