Во првите шест месеци од 2018 , Србија ја посетиле 1,9 милиони туристи

20

Според податоците на Туристичката организација на Србија, о првото полугодие до 2018 година, во земјата престојувале околу 1,9 милиони туристи, што е за 11% повеќе од истиот период лани, пишува Bizlife.

Од вкупниот број на гости домашни биле малку повеќе од милион или 52%, што е за 9% повеќе од 2017 година. Бројката на странски туристи кои ја посетиле Србија била 925.000, или за 14% повеќе од истиот период минатата година.

Во периодот јануари-јули регистирани се околу 5,4 милиони ноќевања, односно 12% повеќе од лани.

Бројката на ноќавања од домашните туристи изнесува 3,4 милиони, што е 62% од вкупниот број на ноќевања, додека странците оствариле малку повеќе од 2 милиони ноќевања.

Домашните гости најмногу престојувале во планинските места, 37%, потоа следувале бањите. Странците пак најмногу го посетувале Белград, односно 53% од вкупниот број.