Во рецесија изгради компанија од 500 милиони долари, сега советува како се надминува криза

218

Претприемачки начин е да останете оптимисти и да пронајдете уникатни можности.
Ова се зборови на основачот на Big Ass Fans, Кери Смит, за тоа како вашиот бизнис да ја надмине кризата и да останете позитивни во тешки времиња.

“Не бидете жртва“, советува тој.

Смит ја основал својата компанија, којашто произведува големи вентилатори во 1999 година и ја доведе на списокот на 5.000 најбрзорастечки компании според списанието Inc. Дури 11 пати, од 2007 до 2017 година.

Тој успешно помина со својата компанија низ големата криза од 2008 година, а ја продаде во 2017 година за дури 500 милиони долари. Еве ги неговите совети како успешно да ја водите вашата компанија низ економската криза:

Избегнувајте отпуштања од работа

Во вториот квартал од 2008 година, кога неговиот тим за прв пат забележа знаци на рецесија, првата одлука на Смит беше да ја намали својата плата пред да отпушти вработени.

За време на рецесијата, Смит и неговата компанија се фокусираа на намалување на развојот на производите и бонусите. Но, тие сепак успеаја на сите да им дадат бонус од 500 долари во 2008 година, за вработените да се чувствуваат поврзани со мисијата на компанијата.

Преиспитајте ја вашата стратегија

Смит вели дека рецесијата беше време на предизвик и напредок за неговиот бизнис, но не веднаш. Долгорочната придобивка дојде откако компанијата реши за време на кризата не само да произведува, туку и да инсталира вентилатори. Тоа прерасна во бизнис вреден 30 до 40 милиони долари за компанијата. Исто така, неговиот тим дознал повеќе за потрошувачите од директната интеракција со нив и дознал што можат да поправат и да променат во бизнисот во иднина. Познатото име на компанијата произлезе од интеракциите со клиентите

Не грижете се за конкурентите, купете ги

Кога би можел да се врати назад и да направи нешто поразлично, Смит вели дека би купил некои од неговите конкуренти. Плус, вели тој, ако сте загрижени за конкуренцијата, тоа значи дека не правите нешто правилно. Не обидувајте се да бидете поевтини од конкуренцијата, но понудете им на клиентите нешто поразлично, што не можат да го најдат на друго место.

Фото: Pixabay