Во Ресен почнува бербата на јаболкото

23

Со традиционалното осветување на родот и откинувањето на првото јаболко денеска во Ресен ќе почне годинашниот Преспански јаболкобер.

Во рамки на Преспанскиот јаболкобер ќе биде пуштен во употреба системот за упраувување со органски отпад – Компостара во Ресен. Ова е прв од ваков тип во државата, во кој, органскиот отпад од земјоделството, индустријата и домаќинствата ќе се преработува во висококвалитетно органско ѓубриво – компост.

Манифестацијата ја организира Општина Ресен.