Во Русија исцрпени залихите на Coca-Cola

79

Coca-Cola HBC денеска соопшти дека претрпеле финансиски удар од 190 милиони евра во првата половина од годината поради трошоците поврзани со работењето во Русија.

Имено, ја суспендираше продажбата на Coca-Cola во Русија по нападот на Москва врз Украина.

Coca-Cola HBC, исто така, ја ажурираше својата прогноза за оперативните резултати, сега очекувајќи споредлива оперативна добивка во 2022 година помеѓу 740 и 820 милиони евра, поради намаленото присуство во Русија и проблемите со инфлацијата, што е намалено од 831 милиони евра што ги објави во 2021 година, пренесе Ројтерс.

Компанијата за флаширање безалкохолни пијалоци, која некогаш ја сметаше Русија за еден од нејзините најголеми пазари, очекува да има финансиски трошоци од околу 82 милиони евра во втората половина од годината како сите нејзини залихи во Русија, каде што повеќе нема да произведува или продава Coca-Cola, се исцрпени или пак други брендови на компанијата.

HBC, која котира на лондонската берза, исто така објави пад на нето добивката од 34 отсто на околу 153 милиони евра во шесте месеци до 1 јули, поради зголемените трошоци и влијанието на високата инфлација.

HBC е една од многуте фабрики за флаширање на компанијата Coca-Cola, одговорна за локалните франшизи за флаширање и продажба на пијалоци произведени од познатиот американски производител.

Компанијата Coca-Cola има повеќе од 20 отсто сопственички удел во HBC.