Во Русија испечатена 3D куќа за 24 часа

26

apis-cor

Фото: Apis Cor

Компанијата Apis Cor, специјализирана за 3D печатење, за 24 часа изгради куќа во Русија со помош на 3D печатач.

За разлика од другите компании, коишто се занимаваат со печатење на куќи, оваа компанија користи мобилен печатач и ја гради куќата на лице место. Другите компании ги произведуваат деловите, а потоа ги доставуваат на местото каде се гради куќата, пишува Telegraph.

Изградена е од бетон, а подоцна се додадени прозорците и мебелот. Во куќата со површина од 38 квадрати има ходник, тоалет, дневна соба и кујна. Печатењето на ѕидовите, преградите и изолацијата се направени во еден ден, а откако куќата е завршена, печатачот е тргнат со кран.

“Кога прв пат помислив на создавање на мобилна машина во градежништвото, веќе се користеше 3D печатење. Меѓутоа сите печатачи беа од портален тип, а јас бев сигурен дека таквиот дизајн нема иднина поради својата гломазност. Се одлучив да ја надградам машината со градежен кран. Сакаме да им помогнеме на луѓето низ светот и да ги подобриме нивните услови за живеење. Затоа, процесот на градење треба да биде брз, ефикасен и со висок квалитет“, вели изумителот на мобилниот печатач и основач на Apis Cor, Никита Чен – јун – таи.

Куќите што ги гради 3D печатачот може да траат 175 години, а чинат 10.134 долари.