Во септември издадени 277 одобренија за градење – 12.9 % помалку од лани

60
Според податоците на Државниот завод за статистика во септември 2022 година се издадени 277 одобренија за градење, што е за 12.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 643 053 илјади денари, што е за 21.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 134 (48.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 74 (26.7 %) за објекти од нискоградба и 69 (24.9 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 277 објекти, на 145 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 (47.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 427 станови, со вкупна корисна површина од 40 344 м2.