Путерот е составен дел од секојдневната исхрана, дали за подготовка на храна или како додаток. Минатата година извозот на путер надмина осум милијарди долари, а најголем извозник е Нов Зеланд со 1,4 милијарди долари, покажува анализата на World’s top exports.
Меѓу петте најголеми извозници на путер се и : Ирска (1,2 милијарди долари), Холандија (1,2 милијарди долари), Белгија (693 милиони долари) и Германија (666 милиони долари).
Од земјите во регионот, најголем извоз на путер има Хрватска – 3,6 милиони долари, а Бугарија следи со 2,5 милиони долари. Потоа следуваат: Грција (1,5 милиони долари), Србија (1,1 милиони долари) и Словенија (508.000 долари).
Македонија е 64-та во светски рамки со извезен путер вреден 206.000 долари.
Фото: Pixabay