Во Швајцарија беше отворена најстрмната жичарница во светот, која ги поврзува селата Стехелберг и Мирен во кантонот Берн.
Патувањето по стрмните карпи на Миренфлу трае само четири минути, жичарницата се искачува на висина од 775 метри преку патека долга речиси 1.194 метри, објави порталот Swissinfo.
Секоја од двете кабини на жичарницата може да прими 85 патници, односно да превезува околу 800 луѓе за еден час.
Фото: Pixabay