Во Словенија хотелите полни со домашни туристи

42

Словенечките крајбрежни одморалишта и популарни туристички дестинации поради пандемијата привлекоа оваа година голем број на домаши туристи, а хотелите се скоро полни.

Резервациите за наредниот викенд во хотелите покрај крајбрежјето се 70% пополнети, пренесува STA.

Освен домашните туристи кои се во најголем број, присутни се и гости од Австрија и Германија. На зголемениот број домашни туристи влијаело и тоа што владата поделила туристички ваучери, наведува агенцијата.

Фото: Pixabay