Во Србија 25.000 фирми без ниту еден вработен

4

fantomska firmaПодатоците на Агенцијата за стопански регистри (АРП) покажува дека скоро 25.000 фирми во Србија немаат ниту еден вработен, а 22.000 имаат по еден. Се проценува дека секоја трета фирма која е регистрирана, а нема ниту еден вработен, се занимава со некаков нелегален бизнис.

Според Милан Стефановиќ, советник на УСАИД, да се има фирма без вработени не е незаконски, но има стопанственици кои ги основаат со лоша намера.

“Ако едната фирма им е блокирана поради долгови, другата ќе им служи за работа. Оштетени ќе бидат доверителите затоа што нема да можат да ги наплатат побарувањата, а многу често се оштетени и работниците”, вели Стефановиќ за Блиц.

Од АРП истакнуваат дека не се сите фирми без вработени фантомски. Некои се основаат за да се заврши конкретна работа. Така бизнисмените го намалуваат ризикот во работењето.