Во Србија изнајмување на шпорет или машина за перење за 50 евра годишно

27

sporet-pexels

Фото: Pexels

Во Србија е актуелно изнајмување на бела техника и апарати за домаќинство. За само 50 евра годишно може да се изнајми половна машина за перење или шпорет, пишува српски Блиц.

Оваа услуга најчесто ја користат лица кои живеат под кирија, кои според неофицијални проценки во Србија ги има над 300.000.

“Во станот во којшто претходно живеев имаше машина за перење, така што немав потреба да размислува. Но, откако се преселив во друг стан, купатилото беше празно. Сосема случајно од пријатели дознав дека може да се изнајми половна бела техника. Тоа многу повеќе ми се исплати, бидејќи не сум сигурна колку време ќе останам во еден стан и дали во следниот ќе има вакви апарати“, вели Милица Јанковиќ, која ги користи овие услуги.

Цените за изнајмување на бела техника и апарати за домаќинство во Србија се движат околу: 50 евра за шпорет, исто толку за машина за перење, 60 евра за машина за садови, додека за изнајмување фрижидер или замрзнувач цената е 40 евра годишно.