Во Србија промовирана ракија произведена од малини

38

rakija

Во српската општина Ариље промовирана е ракија од малина, направена по нова технолошка постапка. Промоцијата е организирана заедно со Иновацискиот центар на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград и Институтот за овоштарство од Чачак во Ариље.

“Во технолошката постапка за правење на ракија од малини, освен свежи, користени се и смрзнати малини, затоа што суровината за производство е достапна во текот на целата година, а сочувани се најглавните карактеристика. Следуваат разговори за комерцијално производство”, изјави за Танјуг д-р Радосав Церовиќ од белградскиот факултет.

Според него, одредена количина од оваа ракија веќе може да се стави во промет. Тој додаде дека цената би и била околу 10 евра за 0,7 литри.