Во Србија се отвора нов тип на продавница: Ќе работи 24 часа, без работници

Во Србија пристигна нова, иновативна франшиза – продавниците на Vendobox кои се отворени 24 часа на ден и каде што може да се купат различни производи од автомати.

Станува збор за продавници со автомати кои нудат грицки, пијалоци, кафе, а ќе имаат и банкомати за подигање пари. Предноста на овие продавници е што се отворени 24 часа, седум дена во неделата и што не бараат присуство на работници.

Според плановите, првата продавница на Vendobox ќе се отвори во средината на јули во Белград, а франшизата за Србија и Хрватска, Боги Цветковиќ, вели дека франшизата наскоро ќе биде достапна и за другите заинтересирани страни на овие пазари.

„Предноста на овој концепт е што практиката покажа дека може да работи и во мали градови со околу 15.000 жители. Важно е просториите од 20 до 50 метри квадратни да бидат на прометна локација: во близина на училишта, автобуски или железнички станици“, објаснува Цветковиќ.

Вендобокс овозможува пасивен приход. Апаратите ретко имаат неисправности, не е евидентиран поголем вандализам, така што корисникот на франшизата би имал обврска да доаѓа двапати неделно да ја исчисти продавницата и да го надополни асортиманот“, објаснува Цветковиќ, пренесува Б92.