Во среда нема да се тргува на берза

30

Согласно заклучокот на властите со којшто 15-ти јули (среда) ќе биде неработен ден, од Македонска берза информираат дека тој ден ќе биде неработен и нетрговски ден на берза.

На 15-ти овој месец се одржуваат предвремени парламентарни избори, поради што овој ден е прогласен за неработен.