Во среда прскање против комарци во Скопје

25

Во среда од 7 до 11 часот ќе се прска против ларви од комарци по сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Од Град Скопје апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.