Во светот би останале само пет до шест валути за 20 години

50

Во светот постојат повеќе од 100 признати валути, но тој број би можел значително да се намали на пет до шест во следните 20 години, оцени бразилскиот министер за економија, Паоло Гуедеш на Светскиот економски форум, пренесува CNBC.

“Европските држави пред 20 години воведоа заедничка валута, со што им се овозможи на луѓето, од Франција да патуваат во Германија без да имаат потреба да менуваат пари. Тоа би можело да се повтори и во други делови од светот во иднина, под услов земјите политички и економски да се усогласат“, смета тој.

Во овој момент, американскиот долар се смета за сигурна валута, што значи дека неговата вредност расте во време на криза. Поради стабилност во трговијата, многу земји одлучија да ја врзат својата валута за американскиот долар. Но, во време на нестабилност на американскиот долар, тоа би можело да им наштети на тие земји.

Развојот на заеднички валути во различни земји би можело да им помогне на тие економии да ја намалат својата зависност од американскиот долар. Во тој случај, алтернативна би можело да биде еврото, втората “континентална“ валута, на подрачје на коешто доминира доларот, а Кина би имала своја валута на којашто би гравитирале некои земји.

Фото: Pexels