Во светот сè повеќе се купува руска храна

46

Во текот на првите два месеци од оваа година Русија извезе 35,8% повеќе земјоделски производи одошто во истиот период минатата година. Според анализата на рускиот федерален центар за развој на извозот, остварен е приход од над четири милијарди долари.

На странските пазари е зголемена продажбата на руски производи и тоа пченица за повеќе од двапати, сончогледово масло за 6,3%, месо и млеко за 33,7%.

Меѓу трите најголеми купувачи на руските прехранбени производи се Кина, којашто од почетокот на годината го зголемила увозот за скоро 30%, Турција за 40% и Египет за 1,5 пати. Во првите 10 најголеми увозни пазари се и и Европската унија, Јужна Кореја, Азербејџан, Украина, Пакистан, Узбекистан и Монголија.

Русија минатата година продаде прехранбени производи во вредност од 30,5 милијарди долари, а во 2019 година 25 милијарди долари.

Фото: Pexels