Во Тел Авив ќе се тестираат “лебдечки“ автомобили

22

1

Израелскиот произведувач на авио опрема Israel Aerospace Industries (IAI) и калифорнискиот skyTran најавија изградба на 500 метарски прототип на “лебдечки“ автомобили, што би можеле да го решат се поголемиот проблем на градскиот превоз во Тел Авив.

a

Системот вклучува компјутерски контролирани “лебдечки“ автомобили наменети за две лица, што се движат по патеката со помош на магнетна левитација. Малите капсули во првата фаза ќе бидат тестирани при брзина од 70 км/час, а ќе можат да достигнат брзина од 240 км/час во комерцијалната фаза.

5

Ќе можат да се повикаат со помош на апликација за паметни телефони, а внатре во на мал екран ќе може да се гледа телевизија, да се сурфа на интернет и веројатно уште многу други работи.

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 95

Ако тестовите се успешни, најавена е изградба на 200 километри мрежа во Тел Авив, а потоа во Франција, Индија и Сан Франциско.

6

Тел Авив се соочува со голем сообраќаен метеж, бидејќи не постои метро и многу патници патуваат со автомобил.