Во Тетово почнува изградбата на производствен погон на италијанската Итек

21

t

Во Тетово, во Технолошко-индустриската развојна зона денеска ќе биде поставен камен – темелник на производствен погон на италијанската компанија Итек. Инвестицијата е пет милиони евра и во првите две години се очекува да донесе 150 нови вработувања.

Компанијата се занимава со производство на композитни материјали што се користат во градежништвото, автомобилската индустрија и земјоделството. Инвестицијата ќе се реализира преку локалната компанија Pro Comp Advance Technologies.

Договорот за реализација на инвестицијата беше потпишан во јануари годинава.