Во Тиквешко почна бербата на трпезно грозје

167

grozje

Фото: Pixabay

Почна бербата на трпезно грозје во Тиквешко, а цената за килограм “кардинал” на градскиот пазар во Кавадарци е 50 до 60 денари, јавува Миа.

Освен најзастапената сорта “кардинал”, во Тиквешијата се произведува и десертно грозје од раните сорти “демиркаписка рана”, “белградска рана”, “јулски мускат”, “блек меџик”, “викторија”,…

Љупчо Аризанов од Регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија, смета дека родот е намален како последица од априлското невреме што го зафати овој регион. Според Аризанов, родот на трпезно грозје е околу 20 милиони килограми.