Во Тиват ќе се гради мини олимписки центар

16

lepetane

Општина Тиват и Црногорскиот олимписки комитет сакаат заедно на локацијата на касарната во населбата Лепетане да изградат мини олимписки центар, пишува Вијести.

Новото мини олимписко село ќе содржи фудбалски стадион, атлетска и трим патека, повеќенаменска спортска сала, простор за боречки спортови, хотел, паркин и се што е неопходно за еден ваков центар.

Војската на Црна Гора која се уште ги користи објектите во Лепетане, тврди дека повеќе нема потреба од овој ккомплекс и во повеќе наврати градските и воените челници најавуваа негова пренамена за цивилни потреби. Касарната се простира на 60.000 метри квадратни на атрактивна локација во близина на морето.