Во ЦЕЕД Хаб Скопје се одржа изложба и промоција на Студио Ѓердан

24

img_2684

Во просториите на ЦЕЕД Хаб Скопје вчера се одржа изложба и промоција на Студио Ѓердан по повод две години од постоењето на компанијата.

Станува збор за микро компанија којашто нуди дизајниран накит изработен во полудраг камен, кристал, бисер, срма и комбинација на други интересни материјали.

img_2688

Беа изложени одбрани производи од досега изработените дизајни во текот на двегодишното работење на оваа микрокомпанија. Исто така, беа доделени клуб картички за ВИП Приказна клубот на поддржувачи на компанијата и вредносни ваучери за подарок на добитниците на наградната игра Напиши најдобра реклама или слоган за Студио Ѓердан, организирана по повод одбележувањето на вториот роденден на компанијата.

Студио Ѓердан е дел од пред – акцелераторската програма за дизајнери на ЦЕЕД Хаб Скопје.

img_2678