Седум дена по отворањето на црногорските граници со земјите од регионот, во “метрополата“ на црногорскиот туризам, Будва го бележи првото значително зголемување на бројот на гости.
Тие главно доаѓаат од Србија и Босна и Херцеговина. Тоа би можело, барем малку, да ја поправи практично руинираната туристичка сезона поради епидемијата на коронавирус, пренесува Vijesti.
Од моментно 27.200 туристи во цела Црна Гора, скоро 11.000 се регистрирани во Будва.
“Споредено со пред седум или осум дена, се забележува дека имаме околу две до три илјади повеќе гости во нашиот град. Најголем број туристи во Будва се гости од БиХ, Украина, Белорусија и Албанија, има некои од Русија и во последните седум до десет дена има регистрирани туристи, забележително и од Србија “, рече директорката на ТО Будва, Маја Лијешевиќ.
Над 3.000 гости во Будва се во приватно сместување. Во хотелите има двојно повеќе – 7.700, така што со популарни цени и строги мерки за хигиена, тие сè уште очекуваат поголем прилив на гости.
Фото: Pixabay