Во Турција сите банкомати ќе бидат под еден бренд

58

Турските банки и државните кредитори соработуваат за да се создаде мрежа на банкомати коишто ќе ги стават сите турски банкомати под еден заеднички бренд.

“ING Турција, турска подружница на холандската банкарска група, потпиша договори со приватни кредитори како İşbank и Akbank за да им дозволат на своите клиенти да ги користат нивните банкомати“, изјави Јусел Олсер, извршен потпретседател на ING Турција.

Со овие два договори, повеќе од 12.000 банкомати се ставени во неограничени услуги за клиенти на ING.

Клиентите на банката ќе можат да ги извршуваат сите трансакции, вклучително и прашања за биланс, повлекување готовина, депозити и плаќања на долгови со кредитни картички, користејќи ги овие банкомати бесплатно. Клиентите на ING можат да вршат услуги со QR-код и девизни трансакции без картички само на сопствените банкомати на банката.

На почетокот на овој месец, државните банки – Ziraat, Halkbank, Vakıfbank, Vakıf Katılım, Ziraat Katılım, PTTBank и Emlak Katılım – одлучија да ги комбинираат своите национални мрежи со банкомати.

Во обид да ги намалат трошоците за банкоматите за една милијарда турски лири (134 милиони американски долари годишно), државните кредитори го зголемија капиталот на нивното заедничко вложување FinTech, Bileşim Finansal Teknolojiler, на 145 милиони лири (19,5 милиони долари), објави Хуријет.

Приближно 15.000 нови државни банкомати со заеднички софтвер ќе бидат поставени на национално ниво. Во моментов, Ziraat, Vakıfbank и Halkbank имаат околу 7.200, 4.200 и 4.000 банкомати низ цела Турција. Според Центарот за меѓубанкарски картички, во Турција има повеќе од 53.000 банкомати.

Фото: Pixabay