Во туризмот веќе ништо нема да биде како порано

52

Патувањата поради пандемијата трајно ќе се променат, смета извршниот директор на Airbnb, Брајан Чески, предвидувајќи дека луѓето повеќе ќе ги посетуваат малите градови, како и пријателите и семејството.

“Традиционалниот туризам и разгледување на водечките светски дестинации значително ќе се намали, како и летовите заради деловни состаноци, а ќе доминираат патувања во помали заедници“, предвидува тој.

Според него, патниците не мечтаат да го видат Times Square, туку пријателите и семејството кои не ги виделе долго време поради пандемијата.

Airbnb во голема мера ги почувствува последиците од пандемијата, остварувајќи резултати пониски дури за 80%.

Компанијата во декември успешно почна да котира на берза, а цената на акциите во иницијалната јавна понуда им е повеќе од двојно зголемена, наведува Ројтерс.

Фото: Freepik