Во Украина засеани 10% повеќе површини од минатата година

94

Украинските земјоделци до денес посеале околу 400.000 хектари со различни пролетни земјоделски култури, или десетина повеќе отколку до 31 март минатата година, и покрај рускиот напад, изјави денеска заменик министерот за земјоделство Тарас Висоцки.

Недостатокот на гориво не влијаеше на сеидбата, рече Висоцки за локална телевизиска станица, додавајќи дека владата „преговара со добавувачите за да не запре кампањата за сеидба“, пренесува Ројтерс.

Британската агенција потсетува дека претставниците на украинското Министерство за земјоделство во претходните изјави за Ројтерс рекоа дека површините под пролетни култури во 2022 година би можеле да бидат повеќе од преполовени во однос на минатата година, на околу 7,0 милиони хектари наспроти 15 милиони хектари, пред војната.