Во внатрешноста на оваа ламба растат растенија без вода и дневна светлина

348

lambi so rastenija

Mygdal Plantplamp e креативна ламба што им овозможува на растенијата да се развиваа во нејзината внатрешност, без да имаат потреба од директна сончева светлина и вода, пишува Contemporist.

Зад дизајнот на овие ламби стојат сопствениците на германското дизајнерско студио We love eames. Нивната цел беше да создадат уред што ќе им помогне на растенијата да се развиваат и во затворен простор каде што нема прозорци.

visecka lamba so rastenie

Ламбите се изработени рачно со помош на дување на загреаното стакло, а потоа се ставаат во калапи. Откако ќе се направи стаклениот дел од ламбата, во нејзината внатрешност се поставува ЛЕД осветлување, што на растенијата им обезбедува светлина.

Столната ламба е поинаква од висечката, по тоа што има премаз којшто ја спроведува електричната енергија до ЛЕД осветлувањето без да се користат кабли за да ја доведе струјата од изворот на енергија.

Осветлувањето функционира како оддржлив систем, а од компанијата тврдат дека растенијата во овие ламби можат да растат со години.

stolna lamba so rastenie