Во Загреб отворен првиот хостел во кој се спие во капсули

39

1

Од минатата недела, Загреб на туристите им нуди сместување во капсули. По теркот на јапонските хотели, во центарот на овој хрватски град е отворен хостелот Subspace, каде може да се преспие во околу два метра долга, 1,2 метри широка и исто толку висока модерно уредена капсула.

2

Во капсулата има душек долг два метра и широк еден метар, андроид монитор за сурфање по интернет, вентилација, сопствено осветлување, сеф за документи, огледало за шминка, слушалки… Капсулите се наоѓаат во 20 метри долга просторија, а таванот е насликан како небо со соѕвездија, пишува Т-портал.

3

Зад проектот стои тим од десетина луѓе на чело со Хрвоје Крлиќ, а вкупната вредност на инвестицијата е преку 265.000 евра.

4