Водафон укинува 2.000 работни места во Германија

10

Германскиот Водафон објави дека укинува или преместува околу 2.000 работни места, обидувајќи се да заштеди 400 милиони евра во следните две години. Водафон во Германија сега вработува околу 15.000 луѓе. Со други зборови, програмата може да влијае на приближно еден од осум вработени.

Дополнително, компанијата има намера да ги намали материјалните и оперативните трошоци, им рекол на вработените директорот Филип Рог, кој самиот си заминува на крајот на овој месец, пренесува ДПА.

Водафон со години се реструктуира, повремено со поплаки од корисници дека ветувањата од агресивните кампањи остануваат неисполнети.

Рог сега рече дека компанијата е во пресврт, што значи дека се враќа на раст во последните неколку месеци со подобрени мрежи и поатрактивни понуди.