Водечка американска банка прогнозира – цената на нафтата ќе биде 120 долари

56

Американскиот банкарски гигант Банка на Америка предвидува дека цената на нафтата брент ќе достигне 120 долари за барел, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори од банката.

Банката на Америка очекува цената на суровата нафта од типот брент да се зголеми на 120 долари за барел до крајот на јуни 2022 година“, соопшти агенцијата.

Според банката, глобалната енергетска криза доведе до силен скок на цените на гасот и јагленот ширум светот, што го забрза враќањето на фјучерсите на нафтата со кои се тргуваше на берзите во Лондон и Њујорк на претходно ниво.

Покрај тоа, според Блумберг, банката објаснува дека растот на побарувачката на бензин, заедно со дизелот и горивото за авиони, во комбинација со ограничувањата на капацитетот за рафинирање, може дополнително да го забрза растот на цената на нафтата во 2022 година.

Банка на Америка влегува во големата четворка на американските банки заедно со „Ситигруп“, „ЏејПи Морган-Чејс“ и „Велс Фарго“.