Volkswagen Golf на второ место – Европа има нов лидер во продажбата на автомобили

153

Според податоците што ги објави специјализираниот сајт Fосuѕ2Моvе, резултатите од продажбата на автомобили кои опфаќаат 44 европски земји, покажуваат дека Renault Clio моментално води во трката пред Volkswagen Golf.

До крајот на ноември 2020-та година, на пазарот во Европа од Португалија до Русија вкупно се продадени 314.357 примероци на Renault Clio, со раст на годишно ниво од 2,9%.

На второто место е VW Golf со 283.614 испорачани автомобили. На третото место е уште еден автомобил на Volkswagen, а тоа е моделот Polo, а од овој модел се продадени 225.941 примероци. Четвртата позиција исто така припаѓа на Vоlkѕwаgеn Тіguаn со 209.785 продадени возила. Fоrd Fосuѕ е на петото место со 182.000 продадени автомобили.

Топ десетте најпродавани модели на европскиот пазар ги заокружуваат Peugeot 208, Toyota Corolla, Nissan Qashqai, Renault Captur и FIAT Tipo/Egea.

До крајот на ноември 2020 година продажбата на автомобили во Европа падна 25,4%.

Фото: Pixabay