Volkswagen и Audi ги променија своите логоа поради коронавирусот

414

Германските автомобилски гиганти ја поддржаа кампањата за социјална дистанца во текот на пандемијата на коронавирусот на мошне креативен начин.

Светската здравствена организација, како и владите ширум светот, апелираат овие денови константно за неопходното одржување на растојание меѓу луѓето со цел да се намали можноста за пренесување и ширење на коронавирусот. Во целата кампања се приклучија и германските автомобилски гиганти Volkswagen и Audi, кои на мошне интересен и симболичен начин со промена на распоредот на елементите на своите логoа и раздвојување на истите ја поддржаа кампањата за социјално дистанцирање овие денови.

Така, Volkswagen ги раздели буквите V и W на својот амблем и сликовито покажа дека е неопходно да се одржува меѓусебно растојание среде пандемијата на коронавирусот.

Audi во својот апел се вклучи на сличен начин, раздвојувајќи ги четирите испреплетени “прстени“ на своето славно лого, што е за прв пат во историјата на оваа компанија да се одлучи на ваков потег со логото кое постои уште од 1932 година. Покрај раздвојувањето на логото, тука е и пораката: “Да не ги напуштаме нашите домови, да одржуваме растојание, да останеме здрави, да се поддржуваме едни со други“.

Навистина интересен потег на Volkswagen и Audi и одличен начин да се приклучат во кампањата за борба против ширењето на коронавирусот.

Преземено од Avtoplus.mk