Volkswagen и Google ќе соработуваат за создавање паметни автомобили

21

kompjuter

Фото: Pexels

Германскиот производител на автомобили Volkswagen и американскиот технолошки гигант Google најавија планови за соработка и испитување на можната употреба на квантни компјутери во автоиндустријата со цел да се создадат паметни автомобили и подобра инфраструктура.

Двете компании планираат да се фокусираат на три области на истражување: оптимизација на сообраќајот, процеси на машинско учење и развој на нови материјали и структури за да се создадат подобри електрични батерии за автомобили, пишува Bloomberg.

“Квантната компјутерска технологија отвора нови димензии за нас. Ние од Volkswagen сакаме да бидеме меѓу првите кои користат квантни компјутери кога оваа технологија ќе биде комерцијално достапна“, вели Мартин Хофман од Volkswagen.

Технологијата на квантната компјутерска обработка е во рана фаза. Таа се потпира на квантната физика за пресметка на многу поголеми брзини отколку што може да се обични компјутери.