Volkswagen и Toyota заедно ќе развиваат технологија за хибридни возила

35

Фото: Pixabay

Германскиот производител на камиони и автобуси Volkswagen и Hino motors, делот на Toyota за производство на камиони, договорија соработка и партнерство за развој на технологијата на хибридни возила, електрични автомобили и автономни системи за возење, објави Reuters.

Компаниите и понатаму ќе функционираат независно, а заеднички ќе ги развиваат иновативните технологии.

Управите и нивните претставници формираа одбор на којшто ќе се дебатира и договара за долгорочните цели и ќе се истражува и проценува соработката на полето на постојните технологии.

Со здружувањето на силите и знаењето, двете компании ќе добијат можност за ширење на влијанието на светско ниво за да изградат супериорна позиција којашто ќе им овозможи успешно да се справат со предизвиците во индустријата.