Електричниот кросовер на германскиот производител Volkswagen, моделот ID.4, прогласен е за Светски автомобил на годината за 2021.
Volkswagen го доби својот петтиот лауреат кога станува збор за престижната награда за Светски автомобил на годината. Добитник на ласкавото признание во организација на World Car Awards е електричниот кросовер кој е дел од ID семејството на германскиот производител, моделот ID.4, кој успеа да ги совлада Honda e и Toyota Yaris.
Од Volkswagen не го кријат своето задоволство од постигнатиот резултат. „Наградата за Светски автомобил на годината одбележува огромен успех за целиот наш ID тим. Успеавме да развиеме автомобил кој ја стартува промената кон е-мобилноста во најважниот сегмент на светот на компактните SUV модели и нуди одлична секојдневна корисност“, изјави членот на бордот за развој на VW брендот, Томас Улбрих.
Покрај Volkswagen ID.4, кој се закити со главната награда, признание доби и новата Mercedes S Класа која е прогласена за Светски луксузен автомобил за 2021 година, а седанот за оваа награда успеа да ги победи Land Rover Defender и Polestar 2.
Титулата за Светски перформансен автомобил замина кај Porsche 911 Turbo, што не претставува никакво издание, но интересно е да се напомене дека Toyota GR Yaris беше еден од финалистите, заедно со Audi RS Q8.
Yaris, кој ја освои наградата за Европски автомобил на годината, беше финалист и во категоријата за Светски урбан автомобил, каде триумфираше Honda e, a во финалето конкурираше и Honda Jazz.
На крајот, Land Rover Defender се закити со признание за Светски автомобилски дизајн на годината, добивајќи ја оваа награда во конкуренција на Honda e и Mazda MX-30.
Преземено од Avtoplus.mk