Volkswagen ќе отвора посебна компанија за автономни возила

22

Групацијата Volkswagen најави создавање на подружница наречена Volkswagen Autonomy (VWAT), којашто ќе се фокусира на креирање на автономни возила.

Германскиот гигант, освен канцеларии во матичната земја, планира да отвори и компании во САД (Силиконската долина) и Кина, во 2020 односно 2021 година.

Според производителот, Volkswagen Autonomy ќе биде “глобална технолошка компанија што ќе ја спојува експертизата од автомобилската и технолошките индустрии“.

Планот е да се комерцијализира автономното возење на глобално ниво кон средината на следната декада, пишува CNBC.

Исто така, Volkswagen Group во јули најави дека заедно со Ford ќе работат на автономни возила.

Фото: Pixabay