Volkswagen ќе престане да продава автомобили со конвенционални мотори во Европа до 2035 година

67

Германскиот производител на автомобили Volkswagen планира да запре со продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување во Европа помеѓу 2033 и 2035 година. Тоа го изјави за германскиот весник Münchner Merkur, Клаус Целмер, член на управниот одбор на компанијата. Соопштението дојде откако беа објавени слични информации од претставници на Audi.

“Овој процес во САД и Кина ќе потрае малку подолго и значително подолго во Африка и Јужна Америка“, додаде Целмер.

Audi веќе објави дека планира да престане да произведува автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Фото: Freepik