Volkswagen наскоро ќе одлучи за судбината на Bugatti

105

Францускиот производител на хиперавтомобили Bugatti сè уште има неизвесна судбина пред себе, а Volkswagen наскоро треба да донесе одлука околу неговата судбина.

Ситуацијата со Bugatti останува нејасна. На прв поглед можеби делува дека состојбата во француската компанија е речиси совршена, со константното лансирање на нови варијанти базирани на Chiron. Но, малку е познато што се случува зад затворени врати, а се чини дека матичната компанија, Volkswagen Групација, вложува сериозни напори да се ослободи од Bugatti.

Првите шпекулации за тоа дека VAG сака да го продаде Bugatti се појавија пред неколку години, а одлуката да не се дозволи уште еден целосно нов модел во поставата на францускиот бренд е јасна индикација дека Германците не сакаат да вложуваат нови милиони во производителот. Последните шпекулации се појавија во септември минатата година кога беше објавено дека VW размислува да го продаде Bugatti на друг производител.

Сагата е далеку од готова, барем така делува, бидејќи според најновиот извештај индицира дека Volkswagen би можел да ги најави своите планови за иднината на Bugatti наскоро. Цитирајќи го Оливер Блуме, членот на бордот на директори на Volkswagen Групацијата и извршен директор на Porsche, Automotive News пренесува дека германската компанија е блиску до тоа да ја соопшти конечната одлука наскоро.

Овој медиум исто така потсетување дека Porsche работи на стратешко партнерство со Rimac кое би можело да прерасне во заедничка компанија меѓу германскиот и хрватскиот производител. Ова се поклопува со неодамнешните извештаи дека Rimac би можел да го преземе Bugatti преку новоформираниот заеднички потфат со Porsche.

Се чини дека следните неколку месеци би можеле да бидат прилично драматични за луѓето од Молсхајм. Дали продавањето на брендот на друга компанија ќе биде добро за Bugatti, се уште е рано да се каже.

Преземено од Avtoplus.mk