Volkswagen се пофали со спецификациите на Tiguan R

10

По официјалната европска премиера на Tiguan R, Volkswagen ги објави и официјалните спецификации на спортскиот SUV, заедно со нов сет фотки.

Според официјалните спецификации, на обновениот Volkswagen Tiguan R му се потребни само 4,9 секунди за да го достигне спринтот до „стотка“ во конкретниот R возачки режим. Ова е една десетинка побрзо од првата генерација на Porsche Cayenne Turbo S. Максималната брзина изнесува 250 километри на час.

Моќноста се добива од 2,0-литарскиот турбо четирицилиндричен мотор кој испорачува 320 КС и 420 Nm максимален вртежен момент. Благодарение на седумстепениот DSG автоматски менувач со двојна спојка моќноста се испраќа на сите четири тркала од 4Motion системот со векторирање на вртежниот момент.

Развиен од страна на R дивизијата, новиот Tiguan R се одликува со специјално подесен систем на потпирање, кој се карактеризира со адаптивно контролирани амортизери, поставен е 10 милиметри пониско во однос на оригиналната верзија и има 18-инчни сопирачки дискови и шапа со R логото. Спортскиот издувен систем може да биде опционално унапреден во титаниумски издув на Akrapovič, а 20-инчните тркала можат да се заменат со 21-инчен Estoril сет.

R дизајнираните браници со аеродинамички засилувања, кои можат да се добијат во боја на каросеријата или сјајно црна боја, мат хромираните куќишта за ретровизорите, сјајниот црн заден дифузер и црните сводови на тркалата се јасната дистинкција меѓу стандардниот Tiguan и спортскиот модел.

Меѓу другите работи кои го одвојуваат Volkswagen Tiguan R од остатокот на опсегот се унапредувањата во ентериерот, како што се премиум спортските седишта со интегриран потпирач за глава, специјално R лого, карбонски сив трим, позадинско светло, педали од нерѓосувачки челик и дигитален кокпит.

Цените во Германија стартуваат од 56.703 евра, речиси 28.500 евра повеќе од базичниот модел, а само 3.207 евра помалку од поголемиот Touareg.

Преземено од Avtoplus.mk