Volkswagen со нов електричен модел на автомобил – конкуренција на Model X на Tesla

29

Фото: Pixabay

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen ќе претстави нов електричен модел на SUV автомобил, под името ID.ROOMZZ во Кина за време на саемот Auto Shanghai 2019, пишува Breaking the news.

Според најавите, возилото нема да емитува штетни гасови, а планирано е да биде пуштен во продажба во Кина во 2021 година.

ID.ROOMZZ ќе има и авто пилот, а со едно полнење на батеријата ќе може да помине до 475 километри.

Овој автомобил би бил конкуренција на Model X на Tesla.