Германскиот производител на автомобили, Volkswagen го смени тродимензионалното лого со дводимензионално во чест на електричните автомобили и новата дигитална ера.
Компанијата заедно со логото претстави и линија на целосно електрични автомобили наречена ID.3.
Моделот е прв од новата генерација на ваков вид на возила со потпис на Volkswagen, како и прв автомобил што ќе го носи ребрендираното лого, пишува Dezeen.
Инаку ID.3 се смета за достапна, економична опција за масовно производство. Поранешното тродимензионално лого со хроматски ефект е редуцирано на основните елементи – дизајн во две димензии со темно сина боја.
За да се креира логото потребни беа дури девет месеци, а истото е дело на дизајнерскиот и маркетинг тимот на Volkswagen. На задачата заедно работеа вкупно 19 тимови од компанијата и 17 надворешни агенции.
Фото: Volkswagen