Volkswagen затвори две фабрики

133

Компанијата Volkswagen Group во Кина затвори две фабрики.

Компанијата ја затвори фабриката во Тијанџин, со која управува заедно со кинеската групација FAW, како и фабриката за компоненти поради избувнувањето на епидемијата на Ковид 19 во тој град.

„Поради новото избивање на епидемијата Ковид 19, фабриката за возила FAW-VW и фабриката за компоненти на Volkswagen за автоматски менувачи во Тијанџин се затворени“, изјави портпаролот на германската компанија за Ројтерс.

Според него, два пати неделава во двете фабрики биле извршени тестови на сите вработени на Ковид 19 и се чекаат резултатите.

„Се надеваме дека наскоро ќе продолжиме со производство и ќе го надоместиме изгубеното производство. Главен приоритет останува здравјето и благосостојбата на нашите вработени“, рече тој.