„Волшебникот од Вествуд“ за успехот: Не кукајте, не се жалете, не барајте изговори

211

Џон Вуден, или „Волшебникот од Вествуд“ како што го нарекувале, доживеал 100 години и инспирирал многумина за време на неговиот живот.

Дали е тоа успех?

Џон Вуден, како и многумина пред и по него, се обиде да понуди своја дефиниција за успех како пензиониран кошаркарски тренер и професор, автор и консултант. Во едно од неговите попознати предавања за успехот и победата, тој рече:

„Највредната лекција што ја научив од татко ми беше никогаш да не се трудам да бидам подобар од другите и секогаш да учам од другите.

Биди најдобар што можеш, тоа е под твоја контрола, ми рече. Ако се вклучите во работи каде што немате контрола, тоа ќе ви донесе штета и нема да дадете се од себе таму каде што целата контрола е ваша.

Успех е кога ќе дадете максимум во некоја ситуација.

Другите не можат да го проценат тоа. Тоа е нешто како карактер или углед.

Вашата репутација е како другите ве гледаат. Вашиот карактер е она што навистина сте и е многу поважен од тоа како другите ве гледаат и што мислат за вас.

Ако редовно се трудите да давате се од себе, резултатите ќе бидат онакви какви што треба, а не нужно онакви какви што сте сакале. И, бидете трпеливи. Секогаш ќе ви треба трпение.

Не кукајте, не се жалете, не барајте изговори. Направете го тоа најдобро што можете, ме научи татко ми и јас го применувам и денес“.

Џон Вуден или „Волшебникот од Вествуд“ како што го нарекуваа, живеел 100 години и инспирирал многумина за време на неговиот живот, а и денес се почесто го цитираат кога зборува за успех и победа.